Бугарската национална телевизија БНТ 4 од вчера се реемитува во земјава преку операторот „Македонски телеком“.
Договорот БНТ 4 да се емитува преку „Макс ТВ“ на „Македонски телеком“, каде што државата има удел, беше постигнат на почетокот на февруари.
Како што тогаш известија медиумите, во Бугарија, пак, треба да се реемитува сателитскиот канал на Македонската радио-телевизија.

Веста за постигнатиот договор пред околу еден месец стигна по одржување на состанокот на специјалниот претставник на Владата, Владо Бучковски, со бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов и претставници од „Телеком“ и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ).
Во февруари и новинските агенции на Северна Македонија и Бугарија, МИА и БТА, договорија соработка преку размена на сервисите кои ги продуцираат и за заедничка борба против лажните вести и зајакнување на новинарските стандарди.