Стотици поддржуваќи на Путин кои се противат на поддршката на Бугарија за Украина во нејзината војна против Русија, денеска се собраа пред зградата на парламентот веејќи бугарски и руски знамиња, свирејќи и повикувајќи на предвремени избори во земјата во која имаше пет во последните две години
Бугарската полиција денеска се судри со приврзаниците на ултранационалистичката партија Преродба кои протестираа против политиката на прозападната влада барајќи оставка на владата и затворање на воените бази на НАТО во земјата.
Стотици поддржуваќи на Путин кои се противат на поддршката на Бугарија за Украина во нејзината војна против Русија, денеска се собраа пред зградата на парламентот веејќи бугарски и руски знамиња, свирејќи и повикувајќи на предвремени избори во земјата во која имаше пет во последните две години.
Многумина извикуваа „оставка“, а полицајците ги заштитија владините згради, вклучително и Министерството за одбрана, кон кое некои демонстранти фрлаа со јајца. Бугарија, која испраќа оружје во Украина, минатата недела ја укина забраната за увоз на жито од Украина.
„Бугарите не сакаат да учествуваат во војната меѓу Русија и Украина, ние сакаме да бидеме неутрална земја“,
рече Нели Тјулекова (60).
Таа додаде дека Бугарите се против испраќање оружје во Украина бидејќи тоа „поттикнува војна“.
Некои демонстранти носеа транспаренти на кои пишуваше „Американските бази надвор! Бугарија е зона на мирот“, што се однесува на отворањето на новата воена база на НАТО во земјата.
„Последната инструкција од господарот на Бугарија, САД е Бугарија да изгради нова воена база. НАТО надвор!“,
изјави Костадин Костадинов, лидерот на Преродба.
Демонстрантите го завршија собирот пред споменикот на Советската армија, во судир со полицајците кои од безбедносни причини се обидоа да ги спречат да му се приближат бидејќи тој е под скелиња откако владата одлучи да го отстрани.
Бугарија денеска протера еден руски и двајца белоруски државјани и им забрани влез во земјата во следните пет години по налог на Државната агенција за национална безбедност, јавуваат локалните медиуми.
Фото: БТВ