Василев разговараше со независните пратеници Иво Атанасов, Георги Георгиев, Дејан Петков, Светлин Стојанов и Николај Радулов, но не присуствуваше Кирил Симеонов, кој исто така се отцепи од ИТН, додека Радостин Василев е во странство
Имаме многу допирни точки, заинтересирани сме за јасна законска програма за владино дејствување, но не постои такво нешто како безусловна поддршка, изјави независниот пратеник Иво Атанасов по преговорите со „Продолжуваме со промените“. додавајќи дека ќе работат на програмите и секој си одговара за себе.
„Национално одговорно однесување е да имаме влада со јасна програма и јасни дејствија во интерес на Бугарија. Она што не обединува е антикорупцијата во овој краток период, реформите во судството, безбедносните служби. Во оваа насока ќе ја изработиме програмата на која ќе работиме и потоа ќе дадеме мислење до петок. Секој од нас ќе каже што поддржува, а што не,
додаде Атанасов, кој е еден од отцепените пратеници од „Има таков народ“.
„Имавме многу плодни дискусии со колегите. Се договоривме од утре и тие да се приклучат на работната група со која ќе работиме за владината програма и законодавната програма“,
рече мандатарот Асен Василев.
Тој разговараше со независните пратеници Иво Атанасов, Георги Георгиев, Дејан Петков, Светлин Стојанов и Николај Радулов, но не присуствуваше Кирил Симеонов, кој исто така се отцепи од ИТН, додека Радостин Василев е во странство.
На 2 јули „Продолжуваме со промените“ се сретна со лидерите на БСП и „Демократска Бугарија“.
Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, најави дека тимовите од секоја од трите партии ќе подготват програма за шест месеци со приоритети и законска рамка.
Христо Иванов, пак, истакна дека е важно земјата да се стабилизира, додавајќи дека треба да се има одговорен пристап и да се спречат четврти предвремени избори во рамките на неколку месеци.
„Се надевам дека ќе успееме да направиме се за интересите на Бугарија, како првиот кабинет“,
изјави Асен Василев, кој стана мандатар откако БСП ги услови преговорите за нова влада со тоа Кирил Петков да не биде премиер, поради одлуката Бугарија да протесра 70 руски дипломати, со што БСП не се согласува.