Декларацијата не е правно обврзувачка и не ги дава правните гаранции што ги бара Бугарија, изјавиле од бугарското МНР за БГНЕС
Сè уште е можно да се постигне решение, и покрај кратките рокови, велат од бугарското МНР
За Бугарија е неприфатливо нејзините услови кон С Македонија да бидат ставени во декларација, туку смета дека тие треба да бидат дел од преговарачката рамка со ЕУ, зашто само така ќе имаат правна сила.
Ова, како што пренесува БГНЕС, е позицијата на бугарското Министерство за надворешни работи, откако земјата ја известила денеска Европската комисија дека не е во можност да ја прифати моментно предложената рамка за преговори за С Македонија и нацрт-декларацијата, бидејќи не ги дава потребните гаранции за исполнување на условите утврдени од Бугарија.
„Во исто време, Бугарија му се заблагодарува на германското претседателство со Советот на ЕУ и на комесарот за проширување Оливер Вархеи за конструктивниот пристап и секојдневната работа во потрага по решение што е сè уште е можно да се постигне и покрај кратките рокови. За Бугарија е неприфатливо нашите услови за С Македонија да бидат поставени во декларацијата на Советот на ЕУ, која е придружна на преговарачката рамка. Декларацијата на Советот не е правно обврзувачки инструмент и не ги дава правните гаранции што ги бара Бугарија. Ние би имале такви гаранции доколку нашите барања се рефлектираат во текстот на рамката за преговори, на кој инсистираме“,
соопшти бугарското Министерството за надворешни работи, како што пренесува БГНЕС.