Министерката за надворешни работи Захариева кажа дека во моментов во Банско има 200 странски туристи. Странците мора да заминат за 24 часа, а останатите ќе бидат ставени во карантин
Министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева соопшти дека странските туисти кои се во Банко во рок од 24 часа мора да го напуштат зимскиот центар.
Захариева, за време на вонредниот брифинг во Советот на министри, рече дека во Банско има околу 200 странски туристи и дека веќе е контактирано со амбасадорите на земјите од каде се тие. Сите други ќе бидат ставени во карантин.
„Две групи туристи од Велика Британија заминаа денеска. Има израелски туристи кои исто така заминуваат. Останаа малку странски туристи. Ќе обезбедиме контролиран пренесување на странските туристи до аеродромите“, рече Захариева.
Според агенцијата Бгнес Банско е под карантин и блокада, по одлуката на Оперативниот штаб за борба со новиот коронавирус.
На вонредниот брифинг во Советот на министри, генерал-мајор Венцислав Мутафчиски објави дека вкупниот број на заразени достигнал 81 лице. Три од нив се од Банско кои се занимаваат со туризам.
„Националниот оперативен штаб предлага Владата да преземе посилни мерки за градот Банско. Причината е што во градот се регистрирани три случаи на заразени со новиот коронавирус и зимските одморалишта се исклучително опасно место за ширење на заразата. Во Банско постои загрижувачки тренд на зголемување на заразата“, рече тој.
Од доцна попладнево на територијата на Банско на сила се следните мерки: на сите лица кои живеат на територијата на градот им е забрането влегување и излегување од градот, лицата со постојана или тековна адреса во градот кои се надвор од градот, можат да се вратат во своите домови до 20 часот на 18 март.