Властите се надеваат дека помошта што странските земји ја испраќаат во Венецуела значително ќе ги зајакне напорите на спасувачките екипи за пронаоѓање на преживеани
Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 1 450, а досега се потврдени најмалку 3 150 повредени, соопштија венецуелските власти.

„Се наоѓаме во критични часови за потрага по преживеани и спасување на животи“,
рече на прес-конференција претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез.
Во земјотресите, кои ги нарече најбруталната природна катастрофа што некогаш ѝ се случила на земјата, погодени се 12 721 луѓе, а бројот на погодени или срушени згради изнесува 774.
Родригез се заблагодари на меѓународната помош која вклучува 2 624 спасувачи и 137 кучиња трагачи. Властите се надеваат дека помошта што странските земји ја испраќаат во Венецуела значително ќе ги зајакне напорите на спасувачките екипи за пронаоѓање на преживеани.
Агенцијата на Обединетите нации за заштита на правата на децата (УНИЦЕФ) проценува дека околу 680 000 деца во Венецуела имаат потреба од хуманитарна помош. Мануел Родригез Пумарол, претставник на УНИЦЕФ во Венецуела, вели дека болниците се преполни, а дека илјадници деца немаат пристап до безбедна вода за пиење.
