Бројот на пациенти со сезонски грип скокнал за 89-90 проценти, може да се испита дали е некои имале коронавирус
Министерот Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ рече дека годинава бројот на лица кои имале сезонски грип се зголемил за 80-90 проценти, а може да се провери дали некој од нив всушност имал коронавирус.
„Ги анализиравме бројките на сезонски грип, во просек се 20 000, оваа година се 37 000, скоро 80 или 90 проценти повеќе заболени. Материјалите се анализирале во присуство на други вируси предизвикувачи на сезонскиот грип и тие може дополнително да се тестираат да се види дали некој од тие пациенти бил заболен од коронавирусот“,
рече министерот Венко Филипче, додавајќи дека, сепак, во моментов здравствените власти се насочени кон детекција на нови случаи со коронавирус.
Тој зборуваше и за состојбите со пациентите кои се хоспитализирани, пред сè, оние кои се на респиратори. Во таа насока посочи дека новите студии од странство покажуваат дека дури и до 90 проценти од оние кои се ставени на апарати за дишење завршуваат со смртни последици.