Поради намалениот број на болни, од МЗ информираат дека болниците затвориле дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 457 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, од кои 264 во болниците низ земјава и 193 на инфективните одделенија во главниот град. Во ковид-центрите има околу 680 празни болнички кревети, информираат од Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, додека вкупно 193 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники немало приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 2 примени пациенти и 10 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во ковид-центрите на интерните клиники се лекуваат 45 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 74 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид-19 вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 21, во ковид-центарот во Гостивар 9, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациент, во Кочани 11 во Кичево 6, Кавадарци 8, а во Гевгелија 4 лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Поради намалениот број на болни, од МЗ информираат дека болниците затвориле дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.