Таа вели дека имала средби со новиот премиер Димитар Ковачевски и министрите кои се вклучени во преговорите со соседна Бугарија, додавајќи дека тие демонстрирале посветеност да ја искористат оваа можност што се создаде со новата влада во Софија, да се обидат да ги решат отворените прашања и да постигнат договор
Оптимист сум поради ова што гo гледаме, единството, фокусираноста на владеење на правото, признавањето дека тоа е поважно од кога било претходно, па, во моментов дел од тоа ќе се преточи во позитивен импулс, вклучително и во односите помеѓу Бугарија и Северна Македонија“, изјави амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнз.
Таа вели дека се охрабрени од обновените дипломатски разговори помеѓу престолнините.
„Охрабрени сме зашто сега постојат и работни групи кои работат не само на решавање на билатералните прашања туку и на воспоставување долгорочна соработка што ќе им оди во корист на граѓаните на двете држави и ќе помогне да се промовира идејата дека пристапниот процес за ЕУ е во најдобар интерес на двете држави“,
рече Брнз во интервју за ТВ21.
Таа вели дека имала средби со новиот премиер Димитар Ковачевски и министрите кои се вклучени во преговорите со соседна Бугарија, додавајќи дека тие демонстрирале посветеност да ја искористат оваа можност што се создаде со новата влада во Софија, да се обидат да ги решат отворените прашања и да постигнат договор.
„Искрено, се надеваме дека овие разговори ќе создадат таков импулс и ќе помогнат во премостување на разликите за да може сѐ да продолжи“,
вели Брнз истакнувајќи дека многу внимателно се следат преговорите.