Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнс истакнува дека во изминатите три години парламентот постигнал значителен напредок.
„Да цитирам неколку од нив: ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО, ратификација и чекори за спроведување на Договорот од Преспа, ратификација на Договорот за пријателство со Бугарија, како и усвојување на законите за Националната агенција за безбедност и за Оперативно-техничката агенција, Законот за јазиците, измените и дополнувањате на Законот за одбрана, Законот за заштита и спречување на дискриминација и Законот за јавното обвинителство“,
напиша Брнс на фејсбук-страницата на Амбасадата на САД во земјава.
Овие достигнувања според неа покажуваат посветеност на Северна Македонија на реформите кои се во корист на граѓаните и ќе помогнат во обезбедување на трансатлантската иднина.