Во информацијата објавена на Твитер уште се наведува дека руските конвои напредуваат бавно и се на околу 30 километри од центарот на Киев
Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека „продолжува илегалната и неиспровоцирана инвазија на Украина“. Во објава на Твитер тие споделија и мапа на која се прикажани руските позиции и насоки на нападите.
„Мапата ги содржи најновите разузнавачки информации за ситуацијата во Украина“,
објавија тие на Твитер.
Во информацијата што ја споделуваат се наведува:
„Руските продолжуваат бавно да напредуваат кон Киев. Колоната е составена од мешана сила на борбени и логистички возила, а најголемиот дел од силите остануваат на приближно 30 километри од центарот на градот.
Во текот на изминатите 48 часа, зголемен број руски воздушни и артилериски напади беа извршени врз густо населените урбани области низ Украина. Украинските сили продолжуваат да ги држат градовите Харков, Херсон и Мариупол, но сите три града сега веројатно се опколени од руските сили“.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 01 March 2022
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) March 1, 2022
Find out more about the the UK Government’s response: https://t.co/94E5eEDqiw
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/hVDgRqPbJW
Попладнево украинското Министерство за одбрана на Твитер објави дека е погодена телевизиската кула во Киев и дека ТВ програмите се привремено прекинати.