Неколку лица попладнево се повредени во напад со нож на метро станица во Брисел, јавуваат белгиските медиуми.
Нападот се случил околу 15 часот по локално време, а полицијата го разоружала напаѓачот и тој е уапсен.
Од полицијата засега нема повеќе детали освен потврдата дека се случил инцидентот.
Според неофицијални информации на градските власти, нападот не е терористички акт, туку е од приватни причини.
Според сведок на инцидентот, цел на напаѓачот биле жени.
Друг сведок,пак, наведе дека најмалку една жена се здобила со убодна рана на вратот.
Според првичните сознанија, човекот прво со ножот нападнал патници во возот, а потоа се симнал од возот и почнал да напаѓа други луѓе.