Британскиот премиер Борис Џонсон веќе не е на одделот за интензивна нега во болницата „Сент Томас“ во Лондон, соопштил неговиот портпарол, како што пренесоа британските медиуми.
Портпаролот додал дека Џонсон внимателно ќе биде следен од медицинската екипа во раната фаза од заздравувањето. Британскиот премиер, како што се наведува, е со многу добро расположение.
Џонсон, во неделата, беше хоспитализиран, десетина дена откако беше потврдено дека е позитивен на коронавирусот. Во меѓувреме, беше префрлен на интензивна нега и му беше даден кислород.