Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ја поздрави одлуката на Владата на Косово да ги одложи мерките за личните карти и регестарските таблички за еден месец.
Борел очекува да бидат отстранети блокадите на патиштата и на граничните премини, а проблемите да се решаваат преку дијалог.
„Отворените прашања треба да се решат преку дијалог со посредство на ЕУ и да се фокусираат на сеопфатна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, што е од суштинско значење за нивната интеграција во ЕУ“,
напиша Борел на Твитер.
Одлуката за одложување на мерките ја поздрави и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
„Ја поздравуваме одлуката на Косово да го прифати предлогот на Жосеп Борел за едномесечно одложување. ЕУ очекува веднаш да се отстранат сите блокади на патиштата. Борел ги повикува Косово и Србија да се вклучат во дијалог за напредок. Благодарам на американската амбасада во Приштина за силна поддршка“,
објави на Твитер, Мирослав Лајчак.