Проверките ги правеа антитерористички тимови од МВР
Дури 120 училишта во Скопје денеска биле мета на дојавувачите на бомби, соопшти вечерва МВР.
Завршени се сите проверки и утврдено е дека дојавите се лажни.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“,
соопштија од МВР.
Дојавите на електронските адреси на училиштата започнаа уште рано изутрина. Само до 8:30 часот во МВР имало пријави од 31 школо, а во текот на денот бројот на училишта се искачил на 120.