Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, вечерва изјави дека тој е ликот „Коки“, псевдоним кој го користеше новинарот Бранко Героски во неколку колумни за лице кое изнудувало пари од бизнисмени. Во гостувањето на 1ТВ, тој веднаш дополни и дека приказните се измислени.
„До мене е допрено се. Јас сум човек кој е прилично информиран. Героски е читан новинар кој со години е почитувано перо кај нас и за истиот можам да кажам дека бил гостин во оваа телевизија. Да му олеснам него и на јавноста јас сум тој за кој пишува Героски и за кој се изречени лаги и сериозни обвинувања. Јас и сега нема да реагирам. Героски е новинар, тој има задача да пишува. Јас сум свесен дека Македонија е општество кое живее за афери, крв и месо. Ние не бараме правда, туку крв. Кој и да ги измислува приказните гарантирам дека ќе завршат неславно. Прилично сум убеден во тоа што зборувам“,
рече Јовановски
Настапот на Бојан Јовановски доаѓа неколку часа откако приказните за наводни случаи на изнуда од бизнисмени и политичари предизвикаа дебата и во Собранието. На прашање на пратеникот Антониот Милошоски, премиерот Зоран Заев одговори дека за случајот се води истрага во Обвинителството. Обвинителството веднаш ја извести јавноста дека не е отворена истрага како фаза во кривичната постапка, но дека го следат случајот.
Повеќе детали за денешните случувања на темата можете да прочитате ТУКА.