Акцијата, како што соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за Фудбалската федерација на Македонија
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) информира дека во координација со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи денеска се спроведува акција на повеќе локации во Скопје.

Акцијата, како што соопштија од ОЈО ГОКК, е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) спроведена од истражителите при Обвинителството и Финансиската полиција.
Од Обвинителството најавија повеќе детали за предметот по завршување на дејствијата што се преземаат.
Во меѓувреме, дел од медиумите неофицијално објавија дека во акцијата е приведен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓоргиевски, кој беше на чело на Федерацијата од 2012 до 2018 година.
Во април годинава беше уапсен и експретседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, под сомнение дека проневерил околу 700 000 евра, средства што Европската фудбалска организација (УЕФА) ѝ ги доделила на ФФМ за градежни работи на стадионот во Охрид
