Новата директорка доаѓа на местото до Обедниковски кој се повлече од морални причини по смртта на новороденче и на шестгодишното девојче Јана

Клиничката болница во Битола доби нова в.д. директорка. На позицијата е именувана Елизабета Ивановска која е специјалист-интернист. Таа досега беше раководителка на Интерно одделение во болницата.
Ивановска доаѓа на местото на Александар Обедниковски, кој поднесе оставка од морални причини, поради смртта на новороденче и шестгодишната Јана.
Ивановска на утрешниот прв работен ден како в.д. директорка ќе се соочи со протест пред болницата кој е закажан за 17 часот.
Денеска во вонреден надзор таму беше тим од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за да ги отврди околностите околу смртта на новороденчето кое почина на Одделението за гинекологија и акушерство два часа откако се роди пред два дена.
Во врска со смртта на шестгодишната Јана, пак, веќе беше направена вонредна контрола по што беше соопштено дека инспекторите не нашле недостатоци во лекарското постапување.