Од Министерството за здравство денеска информираа дека во врска со случајот е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од МЗ
Тим од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска врши вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Битола за да ги утврди причините за смртта на новороденчето кое починало на Одделението за гинекологија и акушерство во оваа болница два часа откако се родило.
Од Министерството за здравство денеска информираа дека во врска со случајот е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од МЗ.
Ова е вторпат за дваесетина дена како инспектори на ДСЗИ вршат надзор во битолската болница по трагичен случај, откако кон крајот на март беше извршен вонреден надзор по смртта на шестгодишната Јана Христовска која почина откако прими инфузија во оваа болница.
По двата смртни случаи, директорот на битолската болница Александар Обедниковски вчера најави дека ќе поднесе оставка од функцијата од морални причини.
Во денешното писмено соопштение од Министерството за здравство, меѓу другото, беше наведено дека утрово до Обедниковски ја поднел неотповикливата оставка од морални причини до Министерството.