Гејтс на Твитер зборуваше и за проблемите со вакцините против ковид-19, истакнувајќи дека иако спречуваат смртност, сепак вели се случува и целосно вакцинирани луѓе повторно да се заразуваат
Американскиот милијардер, Бил Гејтс, преку социјалната мрежа Твитер разговараше со професорката Деви Сридар за актуелната состојба со коронавирусот во светот.
Во серијата твитови, Гејтс не ја отфрли можноста вакцинацијата да стане задолжителна секоја година, но и дека ковид-19 наскоро ќе може да се третира како „сезонски грип“.
На прашањето за сојот омикрон, тој смета дека таа варијанта е предизвик за здравствените системи ширум светот, како и дека најсериозните случаи од заразата ќе ги погодат невакцинираните.
„Меѓутоа, кога омикрон ќе помине низ некоја земја, ќе нема толку позитивни случаи и коронавирусот ќе може да се третира како сезонски грип“,
изјави Гејтс, додавајќи дека омикрон ќе создаде добар имунитет барем за следната година.
Според него постојат мали шанси да се појави нова позаразна варијанта на вирусот ковид-19.
Гејтс на Твитер зборуваше и за проблемите со вакцините против ковид-19, истакнувајќи дека иако спречуваат смртност, сепак вели се случува и целосно вакцинирани луѓе повторно да се заразуваат со нови и посилни варијанти на вирусот.
Следните вакцини според Бил Гејтс, би требало да спречуваат појава на инфекција и да обезбедуваат повеќегодишен имунитет.