Во текот на минатиот месец вакви дојави за поставени бомби имаше за три трговски центри и за училишта. Пред тоа неколкупати имаше дојави и за авиони на „Ер Србија“ на релација до Москва и за седиштето на „Ер Србија“
Поради дојавите за лажни бомби во трговските центри, Србија најави дека ќе побара меѓународна помош
Три трговски центри, четири стдиденти домови и некои други објекти во центарот на Белград денеска добиле дојава за бомби, соопштија од Министерството за внатрешни работи за ФоНет.
Од истата причина евакуиран е и Музејот на Југославија. Според Министерството за образование, пријавите во студентските домови биле лажни, а за другите објекти нема појаснување.
Дојава за бомба денеска пристигнала за трговските центри „Ада мол“, „БИГ Раковица“ и „Бео“, пишува порталот Нова.рс.
Сите вработени и посетители се евакуирани.
Дојави за бомбата има и во четири студентски домови: „Студентски град“, „4 април“, „Слободан Пенезиќ“ и „Вера Благојевиќ“.
Според Министерството за образование, полицијата излегла на терен и по детална проверка на антидиверзантските екипи било утврдено дека пријавите за поставените бомби се лажни.
Во текот на минатиот месец вакви дојави за поставени бомби имаше за три трговски центри и за училишта. Пред тоа неколкупати имаше дојави и за авиони на „Ер Србија“ на релација до Москва и за седиштето на „Ер Србија“.
Поради дојавите за лажни бомби во трговските центри, Србија најави дека ќе побара меѓународна помош.