Како што соопштило српското МВР, а пренесе МИА, мејловите со лажни дојави за бомби во трговски центри во Србија пристигнале од сервис за електронска пошта со седиште во Швајцарија, а од истиот сервис во претходниот период во неколку наврати биле упатени закани и до аеродромот „Никола Тесла“ во Белград и до компанијата „Ер Србија“
Српската полиција соопшти оти ќе побара помош преку меѓународна оперативна полициска соработка за да добие информации за нарачателот, организаторите и сторителот кој лажно ги пријавил бомбите во трговските центри, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што пренесе МИА, српското МВР соопштило дека по извршениот контрадиверзионен увид било утврдено дека лажните пораки биле испратени вчера од електронската адреса на сервисот „Протонмаил“ до повеќето трговски центри во Србија, со предупредување за наводно поставени експлозивни направи во тие објекти.
Од истата електронска адреса, пораките со иста содржина се испратени на мејл-адресите на трговските центри – „Рајичева“, „Меркатор“, „Галерија “ и „Делта планет“ во Ниш, се наведува во соопштението.
Како што соопштило српското МВР, а пренесе МИА, мејловите пристигнале од сервисот „Протонмаил“ – сервис за електронска пошта со седиште во Швајцарија, а од него во претходниот период во неколку наврати биле упатени закани и до аеродромот „Никола Тесла“ во Белград и до компанијата „Ер Србија“.