Некои светски лидери веднаш реагираа на веста за појавата на новиот сој и најавија нови мерки на претпазливост и ограничувања за патување
Белгија е првата европска земја која го потврди првиот случај на новиот јужноафрикански сој на коронавирусот. Се работи за млада девојка која не е вакцинирана, а чии симптоми биле налик на грип. Првите симптоми ги развила 11 дена откако патувала во Египет, преку Турција.
Девојката не пријавила никаков ризичен контакт освен со своите блиски кои не ги развиле симптомите, но ќе бидат тестирани, по што ќе се спроведе темелна истрага.
СЗО денес спроведе итен состанок поради појавувањето на новата варијанта на коронавирус што се појави во Јужна Африка, која има голем број мутации што, пак, носи ризик за побрзо ширење на болеста.
Според последните податоци, оваа нова варијанта на коронавирусот во Јужноафриканската Република е дијагностицирана кај вкупно 77 лица, но и кај четири лица во Боцвана и едно лице во Хонгконг (лице кое дошло од Јужна Африка).
Некои светски лидери веднаш реагираа на веста за појавата на новиот сој и најавија нови мерки на претпазливост и ограничувања за патување, додека берзите ширум светот забележаа пад предизвикан од неизвесноста.