Изјавата на портпаролот на Белата куќа следува откако милитантите на Хамас обвинија дека Вашингтон и американскиот претседател Џо Бајден се одговорни за воената операција на израелските сили во најголемата болница во Појасот Газа –„Ал Шифа“
Соединетите Американски Држави не му дадоа зелено светло на Израел да изврши напад на најголемата болница во Појасот Газа, соопшти денеска Белата куќа, тврдејќи дека Тел Авив дејствувал по сопствена волја.
„Не ги одобривме нивните воени операции околу болницата. Тоа се израелски воени операции што тие ги планираат и ги извршуваат во согласност со нивните сопствени утврдени процедури. САД не се вклучени во тие процедури“,
изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби.

Изјавата на портпаролот на Белата куќа следува откако милитантите на Хамас обвинија дека Вашингтон и американскиот претседател Џо Бајден се одговорни за воената операција на израелските сили во најголемата болница во Појасот Газа – „Ал Шифа“.
Израелските сили рано утринава објавија дека влегле во комплексот „Ал Шифа“ и дека врз основа на разузнавачки информации спроведуваат прецизна и насочена операција против Хамас во одредени делови од болницата.
- (ВИДЕО) Израелската војска влезе во болницата „Ал Шифа“, тврди дека таму е центарот на Хамас
- Пронајдено оружје и терористичка инфраструктура во болницата „Ал Шифа“, тврди израелската војска
Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот, но портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, одби да навлегува во детали околу разговорот, меѓутоа кажа дека „операцијата во ‘Ал-Шифа’ не била во фокусот“.