Пентагон во понеделникот соопшти дека американската војска ставила 8 500 војници во борбена готовност за да бидат подготвени за распоредување во Европа доколку е потребно
НАТО соопшти дека става дополнителни сили на располагање и испраќа повеќе бродови и борбени авиони во Источна Европа, додека Русија продолжува да собира војници во близина на Украина
Американскиот претседател Џозеф Бајден нема намера еднострано да испраќа припадници на американските вооружени сили во Украина, објави Белата куќа.
„Една работа треба да се разјасни. Нема намера, интерес или желба на претседателот да испрати војници во Украина. „НАТО е форум за поддршка на нашите источни партнери и земјите од источното крило и вниманието е насочено кон тоа“,
изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
Пентагон во понеделникот соопшти дека американската војска ставила 8 500 војници во борбена готовност за да бидат подготвени за распоредување во Европа доколку е потребно.
Меѓу американските војници кои се под борбена готовност има дополнителни борбени тимови, логистика, медицинска и воздушна поддршка, како и членови на разузнавачки и извидувачки единици.
НАТО соопшти дека става дополнителни сили на располагање и испраќа повеќе бродови и борбени авиони во Источна Европа, додека Русија продолжува да собира војници во близина на Украина.
Алијансата соопшти дека го засилува своето „предупредувачко“ присуство во регионот на Балтичкото Море. Неколку земји членки на воената алијанса, која има 30 членки, понудија војници и опрема.