Според министерот за економија, засега не се размилсува за затворање на одредени сектори во стопанството, вклучително и угостителството, освен што за уште два часа ќе биде скратено работното време на локалите
Не се размислува за затворање на одредени сектори во стопанството, вклучувајќи го тука и угостителството.
Владата утре ќе расправа и најверојатно ќе донесе одлука за ограничување на работењето на угостителските објекти до 21 часот, а за други рестриктивни мерки не се размислува во моментов, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.
„Не се размислува за затворање на одредени сектори во стопанството, вклучувајќи го тука и угостителството. Комисијата за заразни болести секојдневно ги следи случувањата и ја следи епидемиолошката карта во државата и, согласно со нивните анализи, ако треба ќе поднесат и други предлози. Во овој момен е важно сите да придонесеме за почитување на мерките, носење на маски, хигиена на рацете и одржување физичка дистанца со цел да се намалат бројките на заразени и починати од ковид-19“,
рече Бектеши во „Топ тема“ на Телма.
Тој нагласи дека податоците што ги имаат епидемиолозите покажуваат дека најголем број од заразените се од организирање забави во угостителските објекти, приватни куќи и вили.
„Сега тоа нема да биде дозволено. Веќе донесовме нов закон со кој се преземаат мерки за целосно да се почитуваат протоколите усвоени од Комисијата за заразни болести и утврдени од Владата“,
рече Бектеши и додаде дека во текот на следната година ќе се зајакнат капацитетите на Државниот пазарен инспекторат и на друтите инспекторати во државата.
Тој не ја исклучи можноста Владата покрај најновиот пакет мерки вреден 470 милиони евра да донесе и петти и шести пакет антикризни економски мекри доколку се влоши состојбата со коронавирусот.