Бебето родено на 14 април на Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, чија мајка е заразена со коронавирус, е негативно на тестот, соопштија од Клиниката.
„Во вторникот вечерта во ГАК беше породена 28-годишна пациентка, за која вчера стигна позитивен резулат од тестот за ковид-19. Пациентката немаше симптоми за коронавирус, беше породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на Клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично подрачје и по сите протоколи, и беше земен брис за ковид-19. Брис од бебето беше земен откако пристигна позитивен резулатат за неговата мајка“,
информираа од ГАК – Скопје.
Воедно од таму информираат дека вчера и мајката и бебето биле отпуштени од Клиниката во добра здравствена состојба.
Претходно, од Куманово имаше уште една родилка која беше позитивна на ковид-19, но за жал, таа почина.