Според природата на повредите со кои се здобиле, велат од ЦУК, повредените најверојатно се префрлени во Градската општа болница „8 септември“ во Скопје. Неофицијално, во возилото имало и деца, но таквата информација засега не е потврдена
Автомобил марка „голф“ доцна попладнево излетал од патот кој води за селото Бродец кај Скопска Црна Гора и паднал во провалија, објави порталот МКД.мк, според информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во несреќата се повредени три лица. Тие се пренесени во болница, а според природата на повредите со кои се здобиле, велат од ЦУК, најверојатно се префрлени во Градската општа болница „8 септември“ во Скопје.
Во возилото, неофицијално, имало и деца, но таквата информација засега не е потврдена.
Покрај сообраќајната несреќа, ЦУК информира и за пожар на отворен простор во регионот над селото Бродец, односно во атарот на селото Танушевци. Пожарот е локализиран, а во гаснењето интервенирале едно противпожарно возило и четири пожарникари.