Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство, едниот автобус бил без патници, а другиот, кој удрил во бандера, бил полн со работници кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп
Околу 20 патници се повредени во судир што утринава се случил помеѓу два автобуси во прилепската населба Точила. Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп.
Според првичните информации по направениот увид од прилепското Основно јавно обвинителство, до судирот дошло околу 6 часот изутринава. Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп.
Повредените се на лекарски преглед во прилепската болница и се утврдува со какви повреди се здобиле.