Информациите дека поранешниот австралиски премиер сам си се поставил на неколку министерски позиции за време на пандемијата од коронавирусот денеска предизвикаа политички скандал, а актуелниот премиер Ентони Албанезе вети истрага по откритието дека неговиот претходник тајно се назначил себеси во неколку министерски ресори
Премиерот на Австралија, Ентони Албанезе го обвини поранешниот шеф на Владата, Скот Морисон, за лоши политички потези, откако протекоа информации дека за време на мандатот, Морисон сам се поставил на неколку министерски позиции, меѓу другото, на позицијата министер за здравство, финансии и ресурси, а за тоа не ги известил колегите, парламентот или гласачите.
Информациите дека поранешниот австралиски премиер сам си се поставил на неколку министерски позиции за време на пандемијата од коронавирусот денеска предизвикаа политички скандал, а Албанезе вети истрага по откритието дека неговиот претходник тајно се назначил себеси во неколку министерски ресори.
„Тоа се активности на кои би се смееле доколку се случат во недемократска земја. Морисон водеше фантомска влада“,
рече Албанезе.
Тој додаде дека побарал правна помош, нарекувајќи ги потезите на Морисон „без преседан“.
Како што се пишува, во некои случаи, Морисон се поставил себеси за министер, а не ги известил членовите на кабинетот, кои претходно ги назначил на истите позиции.
Коалиција на Морисон ги загуби изборите во мај, по речиси десет години владеење на десниот центар.