Главниот државен ревизор Максим Ацевски во интервју за „360 Степени“ одговараше на прашање за тоа дали е логично во АД ЕСМ (некогаш ЕЛЕМ), кое со години ги има најголемите тендери во земјава (главно за РЕК Битола), последната ревизија да е направена за 2011 година.
„Ова прашање во суштина треба да биде адресирано на некој друг. Јас можам да кажам за мојот период и можам да кажам дека во суштина најголемите ревизии или сите ревизии коишто се однесуваат на крупни капитални акционерски друштва коишто се сопственост на државата во претходниот период, или сум учествувал или биле под раководство во мојот сектор“,
вели Ацевски.
Дали ќе се согласите дека сепак е нелогично ЕЛЕМ да не биде предмет на ревизија цели 9 години?
„Секако дека е нелогично меѓутоа затоа еве, можам да кажам дека за некаде една недела во рамките на Државниот завод за ревизија ќе биде донесена одлука за одредување на стратешки приоритети коишто ќе бидат предмет на ревизија во наредниот период. Поаѓајќи од тие стратешки цели се надевам дека АД ЕСМ ќе биде предмет на ревиизија, односно ќе биде предвидено со годишната програма за 2021 година“,
вели Ацевски.