Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска од Бугарија го поддржа отворањето на макеоднскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Тој кажа дека дава целосна поддршка на ваквите клубови, како и дека очекува подобрување на односите.
„Ова е прв македонски клуб што се отвора, иако е формално, правно и легално, знаете дека бугарската држава не дозволува. За разлика од фашистичките клубови што се отвораат во нашата држава, ова е име на анти-фашист и на комунист и од тој идеолошки аспект даваме целосна поддршка на ваквите клубови. Нема тензии, не правиме тензии. Очекувано беше да дојдат премиерот и претседателот бидејќи ова е историски настан, но тие не се одважија“,
рече Апасиев.
Освен Апасиев, денеска во Благоевград беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и шефот на Кабинетот на Претседателот Миле Бошњаковски.
Мицкоски кажа дек ацелта на посетата не е да се подгреваат тензии, туку е за обединување и поддршка на Македонците во Бугарија.
На отворањето на клубот нема да присуствуваше ниту еден претставник на Владата.
Вчера премиерот Димитар Ковачевски посочи дека преку Министерството за култура и Владата ќе се достави официјално барање до Бугарија со цел отворање на официјален македонски културен центар во Благоевград преку кој, како што рече, ќе може да се негуваат македонската култура и литература и граѓаните кои се самоопределуваат како Македонци да дојдат во контакт со неа.