Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) одлучи да поведе прекршочна постапка против десет обвинители кои работеа во СЈО бидејќи не ги пријавиле дополнителните надоместоци.
Според Законот за спречување корупција и судир на интереси (ЗСКСИ), тие се должни да пријават ако дополнителните приходи надминат вредност од 20 просечни плати.
„Комисијата прибави податоци од Министерството за финансии од кои констатираше дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба, со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ“,
соопштија од Антикорупциска.
Обвинителите за кои антикорупционерите одлучиле да поведат постапка се:
- Катица Јанева
- Фатиме Фетаи
- Елизабета Јосифоска
- Лиле Стефанова
- Бурим Рустеми
- Гаврил Бубевски
- Стевчо Донев
- Трајче Пеливанов
- Артан Ајро
- Љубомир Лапе.