Од 10:35 часот, поради собир на граѓани, блокиран е патниот правец Штип-Скопје кај новата патарина Кадрифаково, пренесува МИА. Засега нема информации за каков собир станува збор и кога патот повторно ќе биде прооден.
Од 13 до 14 часот, пак, ќе биде затворен магистралниот пат Велес-Штип во близина на селото Сарамзалино. Оваа локација е една од четирите низ државата за кои уште вчера беше најавено дека ќе бидат блокирани, како дел од протестите против францускиот предлог за надминување на спорот со соседна Бугарија.