Во рамки на посетата, Муцунски и Мацинка ќе одржат билатерална средба во Охрид, по што ќе следува и пленарна седница помеѓу делегациите на двете министерства
На покана на шефот на макадонската дипломатија Тимчо Муцунски, во официјална дводневна посета на земјава ќе престојува вицепремиерот и министер за надворешни работи на Чешка, Петр Мацинка.

Во рамки на посетата, двајцата министри денеска ќе одржат билатерална средба во Охрид, по што ќе следува и пленарна седница помеѓу делегациите на двете министерства. Муцунски и Мацинка ќе одржат и заедничка прес-конференција во Вила „Охрид“.
Инаку, чешкиот министер ќе биде еден од говорниците на Амбасадорскиот совет, кој по повеќе години повторно ќе се одржи во земјава.
