Министерството за правда на САД соопшти и дека објавило детална позадина на подготовките за рацијата, со цел, како што се вели во соопштението, „да се испрати нецелосниот и неточен наратив кој го изнесува поранешниот републикански претседател
Документи од имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида најверојатно биле скриени за да се спречи истрагата на ФБИ за негова потенцијална злоупотреба на доверливи материјали, соопшти американското Министерство за правда.
Судскиот поднесок до Министерството за правда досега е единствен приказ за причините за рацијата на ФБИ на имотот на Трамп на Флорида, поттикната од прегледот на документите кои претходно Трамп им ги доставил на властите, а кои се состоеле од строго доверливи податоци.
ФБИ пред рацијата открија „повеќе докази“ кои укажуваат дека „доверливи документи“ останале на имотот на Трамп во Флорида, се вели во документит.
„Владата исто така доби докази дека записите веројатно биле криени, како и тоа дека веројатно се направени напори да се попречи нејзината истрага“,
се додава во соопштението.
Министерството за правда на САД соопшти и дека објавило детална позадина на подготовките за рацијата, со цел, како што се вели во соопштението, „да се испрати нецелосниот и неточен наратив кој го изнесува поранешниот републикански претседател“.
Одговорот на Министерството доаѓа по минатонеделното барање на Трамп независно да ги прегледа документите запленети за време на рацијата.
Барањето е одбиено со образложение дека „тие документи не му припаѓаат на Трамп“.
„Именувањето на специјален надзорник е непотребно и тоа значајно ќе и наштети на интересите на владата, вклучувајќи ги и националните безбедносни интереси“,
се додава во соопштението на Министерството.
Трамп, кој планира повторно да се кандидира за претседател во 2024 година, го обвинува Министерството за правда за спроведување на „лов на вештерки“, односно тврди дека „судијата никогаш не треба да дозволи некој да влезе во неговиот дом на таков начин“.