Во делот за тајни документи, се наведува дека врз основа на прелиминарното испитување, кутиите содржеле „многу доверливи записи покрај секакви весници, списанија, печатени написи во весници, фотографии, разни отпечатоци, белешки, претседателска кореспонденција. лична и постпретседателска евиденција“
Најголема загриженост беше тоа што високо доверливите записи беа расфрлани, измешани со други записи и на друг начин неправилно идентификувани, се вели во документот
Американското Министерство за правда објави преработено соопштение за претресот во куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп Мар-а-Лаго на Флорида. Од документот, според Гардијан, може да се добијат детали за наводните криминални активности кои доведоа до тоа агенти на ФБИ да упаднат во одморалиштето на Трамп на почетокот на овој месец, барајќи тајни документи кои поранешниот американски претседател ги зел од Белата куќа.
Трамп е под истрага за потенцијално лошо ракување со документи.
Објавениот документ има 38 страници, но голем дел е затемнет. Меѓу најинтересните откритија е она за документите што Трамп ги изнел од Белата куќа откако му престана функцијата, а кои потоа беа предадени на Националниот архив. Од 15-те кутии предадени оттогаш, 14 наводно содржеле доверливи информации.
Сомневањата се дека на имотот во Мар-а-Лаго, Флорида има повеќе документи кои содржат доверливи информации.
Американското Министерство за правда го испочитува рокот што федералниот судија вчера го постави за да објави редактирана верзија на налогот за претрес на Мар-а-Лаго како изјава, јавува Си-ен-ен, која е објаснување за причините претресот на ФБИ на имотот на Трамп.
Понатаму, во делот за тајни документи, се наведува дека врз основа на прелиминарното испитување, кутиите содржеле „многу доверливи записи покрај секакви весници, списанија, печатени написи во весници, фотографии, разни отпечатоци, белешки, претседателска кореспонденција. лична и постпретседателска евиденција“.
„Најголема загриженост беше тоа што високо доверливите записи беа расфрлани, измешани со други записи и на друг начин неправилно идентификувани“,
се вели во судските документи.
Се додава дека некои од пронајдените хартии изгледаат дека содржат белешки напишани од раката на поранешниот претседател.
Судот, како што јави Би-би-си, објави и документ во кој го презентира објаснувањето на Министерството за правда за редактурата на документот, како потреба од заштита на дел од сведоците и учесниците во истрагата, како и на самата истрага.
Во него се наведува дека владата идентификувала одредени информации кои мора да останат запечатени „за да се заштити безбедноста на повеќе цивилни сведоци чии информации биле вклучени во изјавата“ и да се заштити „интегритетот на тековната истрага“.
Иако се очекуваше изјавата за претресот да биде редактирана поради чувствителната природа на истрагата и документите запленети од властите во Мар-а-Лаго, сепак на социјалните мрежи се појавија голем број реакции според кои јавноста во Америка заслужува транспарентност.
.@TheJusticeDept, this is unacceptable.
— Rep Andy Biggs (@RepAndyBiggsAZ) August 26, 2022
The American public deserves more transparency. pic.twitter.com/aAAN26Vtei
DOJ and FBI are so corrupt that they're redacting their reasons for redactions in their justification for raiding a U.S. president's home.
— Sean Davis (@seanmdav) August 26, 2022
However much contempt you have for these lawless agencies, it's not nearly enough. pic.twitter.com/dUCOqiYVfP