Според американски претставници, цел на нападите биле ирански ракетни позиции и бродови кои наводно се обидувале да постават мини во Ормускиот Tеснец, еден од најважните светски транспортни коридори за нафта и течен природен гас
Засега останува неизвесно какво влијание ќе има најновата американска акција врз можниот мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран
По нападот, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека договорот сè уште е можен и дека Трамп и натаму има желба тој да се реализира
Два дена откако американскиот претседател Доналд Трумп изјави дека мировниот договор со Иран е „главно договорен“, американските сили извршија напад врз јужен Иран, што е прв ваков напад по прекинот на огнот на 8 април.

Според американски претставници, цел на нападите биле ирански ракетни позиции и бродови кои наводно се обидувале да постават мини во Ормускиот Tеснец, еден од најважните светски транспортни коридори за нафта и течен природен гас.
Од Централната команда на САД соопштија дека нападите биле извршени во рамки на „самоодбрана“ и имале цел да ја заштитат американската војска од заканите што ги претставуваат иранските сили.
„Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) денес објави дека американските сили извршиле ‘напади за самоодбрана‘ насочени кон места за лансирање ракети во јужен Иран и бродови околу Ормускиот Теснец“,
се вели во соопштението на ЦЕНТКОМ.
Портпаролот на ЦЕНТКОМ, Тимоти Хокинс за Си-ен-ен изјави дека американските сили спроведоа „напади за самоодбрана“ во јужен Иран за да ги заштитат трупите од заканите што ги претставуваат иранските сили.
Иран засега официјално не реагираше на американскиот напад.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Бакаи, претходно изјави дека иако е постигнат одреден напредок во разговорите за ставање крај на конфликтот, тоа не значи дека е обезбеден конечен договор.
Засега останува неизвесно какво влијание ќе има најновата американска акција врз можниот мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран.
По нападот, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека договорот сè уште е можен и дека Трамп и натаму има желба тој да се реализира.
По новите напади оцени дека случувањата во Ормускиот Теснец се нелегални и неприфатливи за светот.
Според „Њујорк тајмс“, цел на нападот била област во близина на Бандар Абас, јужен ирански пристанишен град каде што се наоѓа поморска база во Ормускиот Теснец.
Американските и иранските претставници, како што пренесуваат светските медиуми, преговараат за можноста примирјето да биде продолжено за дополнителни 60 дена и да продолжат разговорите за иранската нуклеарна програма.
Американските медиуми наведуваат дека разговорите нема веднаш да доведат до конечно решение, а спорните прашања – како ублажувањето на санкциите кон Иран, ослободувањето на замрзнатите ирански средства и ограничувањето на иранските нуклеарни активности – би биле предмет на дополнителни преговори.
Трамп изјави дека Вашингтон и Техеран во голема мера усогласиле меморандум за разбирање, кој би требало да претставува основа за мировен договор и повторно отворање на Ормускиот Теснец, една од најважните рути за глобалниот транспорт на нафта и течен природен гас.
Според него, евентуалниот договор значително ќе се разликува од Заедничкиот сеопфатен план за акција постигнат за време на администрацијата на Барак Обама.
