Компанијата го удвои бројот на вработени во периодот 2020-2022 година за да одговори на огромната побарувачка за време на пандемијата на ковид-19, потсетува агенцијата Франс прес (АФП)
Американскиот гигант за онлајн трговија „Амазон“ денеска објави дека ќе укине нешто повеќе од 18 000 работни.
Како што е објавено интернет-страница на компанијата, извршниот директор на „Амазон“, Енди Џеси, вели дека компанијата ја ревидирала својата одлука од ноември 2022 година за укинување на околу 10 000 работни места.
„Амазон планира да укине нешто повеќе од 18 000 работни места“,
соопшти Џеси.
Одлуката се однесува и на работните места во Европа.
Компанијата го удвои бројот на вработени во периодот 2020-2022 година за да одговори на огромната побарувачка за време на пандемијата на ковид-19, потсетува агенцијата Франс прес (АФП).
Во март 2020 година компанијата соопшти дека ќе вработи нови 100 илјади работници откако властите во САД им препорачаа на своите жители да останат дома и што е можно повеќе да ја користат онлајн трговијата.
Освен тоа, раководството на „Амазон“ тогаш реши да одвои 350 милиони евра за зголемување на платите на своите вработени соопштувајќи дека додека трае пандемијата на коронавирусот нивните работници за секој работен час ќе добиваат по два долари повеќе.