Вкупната донација е околу 500 000 долари, од кои за Општата болница во Гостивар е наменета опрема во вредност од околу 130 000 американски долари
Медицинската опрема е наменета за унапредување на здравствената грижа за мајките, новороденчињата и најранливите пациенти и вклучува ехо-апарати, инкубатори, вормери, монитори за пациенти и новороденчиња, ЦТГ-апарати, инфузиски пумпи, родилни кревети, апаратура за фототерапија
Современа медицинска опрема во вкупна вредност од околу 500 000 долари е обезбедена за четири регионални болници во земјава, како тие во Гостивар, Велес, Струмица и Струга, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу при неговата посета на гостиварската болница.

Медицинската опрема е наменета за унапредување на здравствената грижа за мајките, новороденчињата и најранливите пациенти и вклучува ехо-апарати, инкубатори, вормери, монитори за пациенти и новороденчиња, ЦТГ-апарати, инфузиски пумпи, родилни кревети, апаратура за фототерапија.
Опремата е обезбедена во рамките на партнерството меѓу Министерството за здравство и проектот ХОПЕ, преку проектот „Перимак“, преку кој досега се реализирани донации на медицинска опрема во вредност од над 3,5 милиони американски долари, а обука добиле повеќе од 1 000 здравствени работници.
Од вкупната донација, за Општата болница во Гостивар е наменета опрема во вредност од околу 130 000 американски долари.
Министерот Алиу истакна дека новата опрема има директна и значајна улога во подобрување на условите за лекување, особено во регионалните здравствени установи.
„Денеска во Општата болница во Гостивар присуствуваме на настан по повод обезбедена медицинска опрема за четири регионални болници, опрема која има многу конкретна и човечка вредност, а тоа е зајакнување на грижата за мајките, новороденчињата и најранливите пациенти во регионалните болници“,
рече тој.
Според него, оваа опрема има многу конкретна и човечка вредност, а тоа е зајакнување на грижата за мајките, новороденчињата и најранливите пациенти во регионалните болници.
„Нашата определба е регионалните болници да бидат силни, функционални и добро опремени. Затоа, секоја ваква поддршка ја гледаме како дел од пошироката политика за подостапно и поквалитетно здравство во целата држава“,
вели министерот.
Според Министерството за здравство, ваквите проекти се насочени кон намалување на разликите во квалитетот на здравствените услуги меѓу регионите и подобрување на здравствената инфраструктура во земјата.
