Алијанса за Албанците и Алтернатива утре во Скопје официјално ќе го потпишат договор за коалицирање на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април.
Во соопштението на Алијанса за Албанците се вели дека договорот за соработка ќе биде потпишан откако двете парти се согласиле заеднички да учествуваат на изборите. Договорот ќе го потпишат партиските лидери Зијадин Села и Африм Гаши, кои потоа ќе имаат средба со граѓани во скопската чаршија.
Првичните комбинаторики беа да се формира трипартитна коалиција, во која би влегла и Беса, а која на изборите би настапила контра владејачката ДУИ. Но тој обид пропадна, така што сега опозициската Беса се спомнува како можен нов партнер на владејачкиот СДСМ, покрај ДПА на Мендух Тачи. Наспроти тоа, ДУИ планира самостоен изборен настап.