Стекнувањето место во 15-члениот Совет за безбедност се смета за врв на достигнувањето за многу земји, бидејќи им дава силен глас за прашања во однос на меѓународниот мир и безбедност. Ова тело има моќ да носи обврзувачки одлуки – резолуции кои земјите-членки на ОН имаат обврска да ги спроведат
Обединетите нации денеска избраа пет земји за непостојаните места во Советот за безбедност: Бразил, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Гана, Габон и Албанија која за првпат е избрана за едно од овие места. Бразил, пак, е избран по 11. пат.
Изборот помина без неизвесност бидејќи ниту една земја немаше противкандидат.
Мандатите на овие земји се во траење од две години и ќе започнат на 1 јануари 2022. Петте земји влегуваат во Советот за безбедност на местото на Естонија, Нигер, Сент Винсент и Гренадини, Тунис и Виетнам, чии мандати истекуваат на 31 декември годинава.
Советот за безбедност на ОН го сочинуваат 15 земји од кои 5 постојани, а 10 непостојани. Петте непостојани членки чиј двегодишен мандат мандат ќе трае и в година се: Индија, Ирска, Кенија, Мексико, Норвешка. Петте постојани членки, пак, се: САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција.
Стекнувањето место во 15-члениот Совет за безбедност се смета за врв на достигнувањето за многу земји, бидејќи им дава силен глас за прашања во однос на меѓународниот мир и безбедност. Ова тело има моќ да носи обврзувачки одлуки – резолуции кои земјите-членки на ОН имаат обврска да ги спроведат.
Реакции во Албанија: Историски ден
Албанскиот премиер Еди Рама веста дека неговата земја е избрана за членка н Советот за безбедност на ОН ја сподели на Твитер, нарекувајќи ја добра вест.
„Добра вест. Со 175 гласови од 117 потребни, Албанија штотуку е избрана за членка на Советот за безбедност на ООН за 2022-2023 година“,
напиша Рама.
На веста реагираше и евроамбасадорот во Тирана, Луиџи Сореца, кој оцени дека ова е историски ден за Албанија.
„Историски ден за Албанија и нејзиниот народ. Честитки за изборот за член на Советот за безбедност на Обединетите нации 2022-2023! Со нетрпение очекуваме да работиме уште поблиску заедно во решавањето на глобалните проблеми“,
напиша Сореца на социјалните мрежи.
Изборот го честиташе и американската амбасадорка Јури Ким, додавајќи дека САД очекуваат поблиска соработка со Албанија во регионот и светот. И таа овој ден го нарече историски.
„Историјата се случи. Честитки за Албанија за првпат избрана во Советот за безбедност на Обединетите нации. САД очекуваат поблиска соработка со Албанија во регионот и светот. Честитки“,
напиша Ким.