И натаму предничат општините Чаир и Аеродром, каде што има моментно по 94 заболени
Иако бројката на активни случаи, на ковид-19 во земјава и натаму е највисокa во Скопје, гледано поединечно, скопските општини, сепак, веќе не стојат најлошо на „ранг-листата“ на загрозени подрачја во земјава.
Во сите 10 општини што административно припаѓаат на Скопје, според последните податоци за состојбата со ковид-19, бројките на активни случаи денеска се двоцифрени. Односно се под сто, за разлика од ситуацијата во почетокот на летото, кога имаше денови кога во одредени општини „билансот“ беше над 400 активни случаи.
Во денешниот билтен на Министерството за здравство, со активни случаи и натаму предничат општините Чаир и Аеродром, каде што има моментно по 94 заболени. Следна е Кисела Бода – 91, па Гази Баба со 87 активни случаи. Најмалку активни случаи сега има во Сарај – 22, па во Шуто Оризари – 29.
Во Карпош има 81 активен случај, во Центар два повеќе (83) , Ѓорче Петров – 44, а во Бутел – 53.
Во општините околу Скопје бројките на активни случаи се под 30.
• Студеничани – 26
• Арачиново – 13
• Илинден – 12
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 9
Освен Скопје, каде што има моментно 757 активни случаи, и најголемата општина во земјава – Куманово, со 300 активни случаи, уште во неколку општини во земјава бројката на моментно заболени е над сто.
• Штип – 114
• Прилеп – 125
• Тетово – 114
• Гостивар – 174