На територијата на цела држава, во моментов активни се 6 450 случаи со ковид-19.
Ваквиот податок е дел од дневниот извештај на Министерството за здравство откако во последните 24 часа беа регистрирани 357 нови случаи, 5 починати и 122 оздравени пациенти.
Распределени по градови, статистиките покажуваат дека најголем број од активните 6 450 случаи се наоѓаат во Скопје – 2 967. Следни на листата се Кавадарци со 417 и Охрид со 388 активни случаи. Најмалку активни, пак, во моментов има во Пехчево и Македонска Каменица, по четири.
Во продолжение е и целосната листа за моменталната дистрибуција по градови, според досега завршените епидемиолошки анкети:
- Скопје 42 311, активни 2 967
- Куманово 5 357, активни 246
- Тетово 5 259, активни 221
- Прилеп 4 815, активни 295
- Гостивар 3 701, активни 127
- Штип 3 564, активни 81
- Битола 3 316, активни 137
- Велес 3 282, активни 245
- Охрид 3 031, активни 388
- Кавадарци 2 932, активни 417
- Струмица 2 614, активни 148
- Струга 2 313, активни 167
- Кочани 1 771, активни 53
- Кичево 1 747, активни 74
- Свети Николе 1 098, активни 26
- Гевгелија 1 072, активни 101
- Неготино 1 039, активни 86
- Дебар 777, активни 45
- Ресен 776, активни 66
- Крива Паланка 758, активни 43
- Радовиш 739, активни 48
- Делчево 698, активни 211
- Берово 623, активни 36
- Пробиштип 521, активни 20
- Виница 503, активни 24
- Валандово 337, активни 14
- Демир Хисар 256, активни 11
- Македонски Брод 250, активни 11
- Кратово 252, активни 28
- Богданци 233, активни 11
- Крушево 233, активни 42
- Демир Капија 227, активни 42
- Македонска Каменица 192, активни 4
- Пехчево 183, активни 4
- Дојран 92, активни 11
