Ако граѓаните редовно и правилно ги мијат рацете, тогаш нема потреба да носат ракавици како заштита од ковид-19, посочи министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
„Доколку се внимава и не се манипулира околу устата и носот и со маската, и доколку често се мијат рацете во долго времетраење од дваесетина секунди, сметам дека апсолутно ракавици не се неопходни. Заради тоа што и ракавици доколку се носат и невнимателно се манипулира околу прекривката на устата, носот или маската, тогаш може да се пренесе вирусот“,
изјави Филипче.
Објаснувајќи ги мерките за лична заштита со кои стана задолжително носењето на маска или марама за да се покријат устата и носот, Филипче изјави дека претходно тоа не било препорака, затоа што така наложила Светската здравствена организација.
Сепак, вели, по многубројни анализи, студии и искуства во други земји, како и поради големиот број на асимптоматски случаи на ковид-19, здравствените власти се одлучиле на ваква мерка.
Поврзани вести:
До мај опомени за неносење заштитна маска, потоа следуваат казни
Пазарен инспекторат: Купувањето маски преку Фејсбук е на сопствен ризик