Повеќе извори, пишуваат странските технолошки медиуми, тврдат дека ова е потврдена информација, а доколку е навистина така, би можело да биде едно од најголемите протекувања на податоци досега
Ако користите Ватсап, вашите податоци би можеле да бидат на продажба.
Телефонските броеви на речиси 500 милиони корисници на Ватсап од базата на податоци ажурирана во 2022 година се продаваат на хакерски форуми. Ова значи дека речиси четвртина од проценетиот број на сите активни корисници на Ватсап се изложени на ризик.
Повеќе извори, пишуваат странските технолошки медиуми, тврдат дека ова е потврдена информација, а доколку е навистина така, би можело да биде едно од најголемите протекувања на податоци досега.
Базата на податоци што е на продажба содржи мобилни броеви на корисници на Ватсап од 84 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Египет, Италија, Саудиска Арабија, па дури и Индија. Според објавените податоци, базата содржи повеќе од 32 милиони американски броеви, 45 милиони од Египет, 35 милиони од Италија, 29 милиони од Саудиска Арабија, 20 милиони од Франција и 20 милиони од Турција. Базата на податоци наводно содржи речиси 10 милиони руски телефонски броеви.
Информациите главно се користат од напаѓачите за фишинг напади. Затоа, на корисниците на Ватсап им се советува да не одговараат на повици и пораки од непознати броеви.
Хакерите и ги продаваат овие податоци и ги објавија цените: 7 000 долари за американски податоци, 2 500 долари за британски податоци.