Премиерот Оливер Спасовски рече дека денешните поригорозни мерки не се последното што можеме да го видиме и оти државата има подготвено и други сценарија, но апелираше граѓаните да се однесуваат одговорно за да не дојде до воведување уште поригорозни мерки.
„Има разработени сценарија и може да очекуваме уште мерки, ама апелирам граѓаните да не постапуваат неодговорно само за да видат дали има уште мерки. Колку поодговорни би биле граѓаните, толку мерките би биле полесни, толку пократко би траела целата оваа изолација и толку помали би биле негативните ефекти од коронавирусот врз државата“,
рече Спасовски.
Тој порача да се седи дома, да се почитуваат одлуките за изолација и самоизолација и тоа е најголемото херојство кое може да се направи.