Во рамки на вонредните претпразнични контроли, инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекле парички казни од над 19 илјади евра
Во пресрет на велигденските празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) уништиле повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголем дел од животинско потекло. На депонијата „Дрисла“ нештетно биле уништени и повеќе од 40 тони небезбедни јајца по потекло од соседна Србија, за кои од АХВ велат дека било спречено да се прошверцуваат во земјава.

„За утврдените недоследности со вонредните 1221 контроли – пласирање на пазарот храна со поминат рок на траење, употреба на замрзанато месо (триминг) во подготовки од месо, несоодветно означени производи и други недоследнсти, донесени се 35 решенија за нивно отстранување и изречени се и шест опомени“,
соопштија од АХВ.
Во рамки на контролите, инспекторите на АХВ изрекле парични казни од над 19 илјади евра.
„Со контролите, кои беа насочени кон сите сегменти од синџирот на храна утврдено е и дека седум од објектите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ. Три оператори немале извршено задолжителни здравствени прегледи за вработените лица и не ги исполнувале барањата во однос на стручната подготовка за ракување со храна, а кај 13 оператори утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите за работа“,
велат од Агенцијата додавајќи дека контролите биле со цел да се спречи пласирање небезбедни производи и спречување нелегална трговија пред велигденските празници,
