Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на коронавирусот, Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува да се избегнува користење на апаратите за автоматска подготовка на кафе и апаратите за вода, кои се поставени на јавни површини.
Препораката се однесува и на сите останати субјекти и компании кои користат вакви апарати и каде што пристап и контакт со нив имаат поголем број луѓе.
„Во услови на прогласена пандемија од коронавирусот и можноста од пренесување на заразата преку контакт, исклучувањето на употребата на апаратите за автоматска подготовка на кафе и апаратите за вода претставува елиминирање на една од можностите за контактно пренесување на вирусот од едно на друго лице“,
се вели во соопштението од оваа Агенција.