Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска по завршување на конститутивната седница на Собранието изјави дека преговорите за формирање нова влада може да почнат, но оти уште нема ништо конкретно.
„Денеска беше конститутирано Собранието, сега ќе видиме која ќе биде агендата и кои ќе бидат приоритетите на Собранието, така што рано е да зборуваме за очекувањата“,
изјави Ахмети за телевизија Алсат М.